Моја скопска приказна

‘Mоја скопска приказна’ е отворен конкурс на фотографии инспирирани од фасади на објекти кои го дефинираат вистинскиот идентитет на старо Скопје. Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Скопје, во мај 2018 година, а за прво наградениот фотограф следува парична награда од 500 евра во денарска противвредност. Наградата за второ место е 300 евра, а за трето 100 евра.

На отворениот конкурс ќе се наградува најдобрaтa приказна, композиција од 5 фотографии по учесник на тема ‘стари автентични скопски фасади’.

За учество, потребно е да се испратат фотографии инспирирани од 5 различни фасади, кои ќе ја прикажат архитектурата, дизајнот, автентичноста и единственоста на истите. Се бара креативна композиција и јасност во фотографиите. Еден од критериумите за оценување е квалитетот и оригиналноста на фотографијата.

Фотографиите не треба да бидат помали од 1MB и не поголеми од 5MB. Истите мора да бидат подготвени за печатење. Сите учесници потребно е да бидат во можност да обезбедат фотографија со висока резолуција погодна за печатење за изложба доколку фотографијата е потребна.

Рокот за конкурсот е продолжен до 20.04.2018 година. Фотографи од сите возрасти и нивоа на искуство се поканети да испратат фотографии со што ќе добијат можност да освојат парична награда. Фотографиите треба да се прикачат на маил или да се испратат преку линк (WeTransfer, Sendspace, Mega, Google Drive и сл.) на: office@strymonfilm.mk.

Проектот е со финансиска поддршка на Делегацијата на Европска Унија во рамки на програмата за одбележување на Европската година на културно наследство 2018 и Еуролинк Осигурување А.Д. Скопје.

  1. место за најдобра композиција од 5 фотографии – 500 евра
  2. место за најдобра композиција од 5 фотографии – 300 евра
  3. место за најдобра композиција од 5 фотографии – 100 евра

Доколку постирате некоја од вашите фотографии на Facebook и/или Instagram профилите на Моја скопска приказна, користете го хаш тагот #Мојаскопскаприказна #EuropeForCulture. Линкот на Facebook страната на ‘Моја скопска приказна’ е следниот: https://facebook.com/mojaskopskaprikazna

1.1 Со вклучување во натпреварот ги прифаќате правилата за натпревар, нормите и условите на учество.

1.2. Партиципацијата на натпреварот е слободна и за истата не се наплатува.

1.3 Отворениот конкурс е отворен за целата јавноста, нема ограничувања на возраст, a право на учество имаат сите државјани на Република Македонија кои се со постојан престој во државата, освен организаторите, нивните вработени и членовите на жирито.

1.4 Рокот за конкурсот е продолжен до 20.04.2018 година.

1.5 Организатор на конкурсот е Друштвото за филмска продукција, дистрибуција, маркетинг, трговија и услуги СТРИМОН ФИЛМ ДООЕЛ Скопје.

1.6 Со вклучување во натпреварот, Вие се согласувате и признавате дека на Друштвото за филмска продукција, дистрибуција, маркетинг, трговија и услуги СТРИМОН ФИЛМ ДООЕЛ Скопје му е дозволено да ги добие Вашите податоци за регистрација. Сите лични информации ќе ги користи Стримон Филм во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

2.1 За да се вклучите и да земете активно учество во натпреварот потребно е да ги испратите Вашите фотографии преку линк на маил адресата office@strymonfilm.mk.

2.2 Темата на овој конкурс е “стара автентична скопска фасада”.

2.3 Примарен услов за фотографиите да бидат прифатени од страна на организаторот е да се базираат на подоле наведените инструкции.

2.4 Фотографиите не треба да бидат помали од 1MB и не поголеми од 5MB. Фотографиите мора да бидат подготвени за печатење. Сите учесници потребно е да бидат во можност да обезбедат слика со висока резолуција погодна за печатење на изложби доколку сликата е потребна.

2.5 Секој учесник потребно е да испрати 5 фотографии од различни фасади на објекти во Скопје.

3.1 Фотографиите ќе бидат оценувани од страна на стручно жири составено од 5 члена во периодот помеѓу 20.04.2018 – 25.04.2018 година. Стручното жири ќе го сочинуваат претставници од областа на архитектурата, фотографија, културно наследство, уметноста.

3.2 По случаен избор ќе биде избрана по една фотографија по учесник кои ќе бидат објавени на веб страната/ Facebook/ Instagram странита, а победничките фотографии ќе бидат објавени за време на изложбата во мај 2018 година.

3.3 Победниците ќе бидат изгласани од страна на стручното жири. Истите ќе бидат прогласени на изложбата на 8.05.2018, во 19.00 часот во Музеј на современа уметност. Доколку победниците не се присутни на изложбата, ќе бидат известени телефонски и по електронска пошта, по завршување на изложбата.

3.4 Одлуката на стручното жири е конечна и нема да се прифаќаат никакви преговори за таквата одлука.

3.5 Оценувањето од стручното жири ќе се базира на композицијата фотографии од различни објекти по учесник, а не по единствена фотографија.

3.6 Наградата за прво место изнесува 500 евра во денарска против вредност на денот на исплата. Наградата за второ место е 300 евра, а за трето место 100 евра.

3.7 Учесникот кој ќе биде избран како добитник на награда нема да сноси никаква обврска за плаќање данок, ниту било како надомест поврзан со наградата.

3.8 Добитникот на наградата има обврска да му ги достави своите податоци на организаторот најдоцна во рок од 7 дена од објавувањето на резултатите на официјалната веб страна на организаторот или со објава на ФБ профилот.

3.9 Доколку добитникот на наградата ги наведе нецелосно или неточно своите податоци и/или ако победникот не може да се извести и/или ако не сака да ги исполни условите предвидени во овие правила, тогаш во рокот којшто го одредува организаторот, добитникот на наградата го губи правото на награда.

4.1 Продукцијата го задржува правото, по своја сопствена дискреција, да дисквалификува и отстрани апликација која не е во согласност со следните услови, дури и по внесувањето на веб-страната. Вие гарантирате и застапувате, во однос на секоја фотографија поднесена од Вас и тоа дека:

4.1.1 Вие сте единствен сопственик и автор на секоја фотографија;

4.1.2 Имате право да ја оставите Вашата фотографија на располагање за конкурсот;

4.1.3 Испратените фотографии не содржат лични информации за Вас или за било кое друго лице/а;

4.1.4 Испратената апликација не содржи никакви повреди, закани, лажни, навредливи, вознемирувачки, клеветнички, вулгарни, непристојни, скандалозни, воспалителни, порнографски содржини.

4.1.5 Испратените фотографии не содржат материјал кој може да претставува или поттикне однесување кое би се сметало за кривично дело, да предизвика граѓанска одговорност или на друг начин да прекрши било кој закон

4.1.6 Испратените фотографии се создадени лично од Вас, не ги прекршуваат авторските права, трговските марки, договорните права или кои било други права на интелектуална сопственост на кое било трето лице или субјект или пак не ги кршат правата на приватност или публицитет на секое лице, а Вашето учество во конкурсот не вклучува:

4.1.6.1 трговски марки во сопственост на трети страни

4.1.6.2 материјали заштитени со авторски права во сопственост на трети лица

4.1.6.3 Имиња, сличности или други карактеристики кои ги идентификуваат познати личности или други јавни личности, живи или мртви

4.1.7 Записите кои содржат комерцијални содржини кои промовираат некој производ или услуга.

4.1.8 Животни не биле оштетени или манипулирани при изработката на фотографијата

4.2 Во случај на директна повреда на погоре наведените услови од Ваша страна, односно доколку доставите фотографија која ги прекршува условите предвидени во точка 4 од овие Правила, изречно изјавувате и се согласувате дека целосно ќе ја обештетите продукцијата Стримон филм.

5. Малолетните лица имаат право да учествуваат во натпреварот во согласно со законот. Доколку малолетно лице е добитник на награда, организаторот ќе ја додели наградата на неговиот родител или старател согласно законот, по претходно извршен увид во документите со кои ќе го докажат ова право врз малолетниот учесник.

6. Продукцијата може да води онлајн процес на гласање/рејтинг, при што јавноста може да гласа за омилена фотографија. Доколку има доволно докази да се укаже на небрежност и манипулација со процесот на оценување, тогаш продукцијата има право да ја/ги отстрани соодветната фотографија/и и доколку е потребно, да ја додели наградата на друг натпреварувач. Одлуките на продукцијата се конечни.

7.1 Организаторот е согласен и запознаен дека сопственоста на моралните права од секоја фотографија е исклучива и непренослива сопственост на авторот/ учесникот.

7.2 Со учество на овој натпревар, учесниците му даваат на организаторот согласност за користење на пријавените фотографии и тоа за целите на изложбата, понатаму за маркетинг и промотивни цели како и по завршувањето на церемонијата и доделувањето на наградите во мај 2018 година. Со Вашето учество во натпреварот и давате на продукцијата неисклучиво, неотповикливо право за било каква употреба поврзана со промоција на Вас како автор, промоција на самата продукција и настанот и тоа: (а) оценување на конкуренцијата; (б) прикажување на победничките фотографии и натпреварувачи на јавната изложба кои ја промовираат продукцијата и настанот; (в) вклучување на веб-страни, Facebook страни, инстаграм, списание или слично; (г) вклучување во било кој промотивен материјал и/или изложба/настан организиран од продукцијата; (д) вклучување на производи поврзани со изложбата што ќе произлезат од самата фотографија; (е) апиликантот е согласен неговите слики да бидат објавени на веб страната на социјалните медиуми, во печат и секаде каде ќе има организаторот потреба да ги објави.

7.3 Сите учесници се согласни и прифаќаат дека сите информации за фотографиите, вклучувајќи опис на фотографијата, ќе се споделуваат со Партнери за настани и медиуми според клаузулата 7.1, 7.2 и 8.

7.4 Доколку организаторот има потреба од комерцијална употреба од некоја од фотографиите кои ќе бидат изложени на натпреварот, согласно одредбите од Законот за авторско право и сродни права, со посебен договор детално ќе ги уредат условите со авторот кој е сопственик на фотографијата.

8. Во случај на спор помеѓу организаторот и учесниците во овој натпревар, надлежен ќе биде Основниот суд во Скопје.